Новости

Македонија

Заев: Дали Груевски сам избегал или бил киднапиран?

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека истрагата што се води во Министерството за внатрешни работи и во Јавното обвинителство за организиран криминал треба да покаже како поранешниот премиер и осуденик на две години Никола Груевски избегал од земјава.

– Треба да добиеме одговор дали доброволно ја напуштил државата или бил киднапиран? Оти секоја амбасада и секоја дипломатска кола е екстериторијална. Од одоговорот на ова прашање зависи одговорот и на другите суштински прашања – рече Заев.

Тој информира дека е отворена двојна истрага во МВР и во Јавното обвинителство за организиран криминал.

Премиерот откри дека вчера државава ги добила информации како Груевски влегол и излегол од Албанија и од Црна Гора.

– Она што е објавено во медиумите соодветствува со она што е содржано во информациите од Албанија и од Црна Гора – рече Заев.

Тој рече дека со Унгарија околу екстрадицијата ќе се работи претпазливо за да не се нарушат пријателските односи.

– Сите докази ќе ги испратиме во Унгарија. Овие документи ќе ги испратиме и во Европската Унија, а за нив ќе бидат информирани и граѓаните. Унгарија дополнитлено ќе треба да го покаже пријателството со тоа што ќе го врати Груевски назад. Веќе се испратени првите документи и ќе следуваат сите други кои се потребни да се реализира екстрадицијата – рече Заев и додаде: Ќе направиме сѐ господинот Груевски да ја издржи казната.

Тој рече дека ќе има одговорност ако се утврди дека некој ја има.

– Министерството за внатрешни работи презело сѐ што треба четири недели пред бегството на Груевски, но немало индикации дека тој се подготвува да избега – рече Заев.

Заев откри дека имало информации дека Груевски имал намера да ја напушти земјата уште за време кога биле објавувани „бомбите“.

Според него, од Унгарија зависи дали ќе овозможи Груевски да пребега во Грузија или во Турција како што се шушка во јавноста. Но, како што рече, очекува да биде вратен во земјава.

 

 

 

 

Извор: +инфо

GOLD
GoldSlot
To Top