Новости

Македонија

Заев: Жртва сум на измамници со анти-нато ориентација

Зоран Заев на прес-конференција во Владата, го образложи разговорот со двајцата руски комичари кои се претставиле како тогашниот украински претседател Петро Порошенко, и како генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, и со премиерот разговарале 1 час.

„Жртва сум на измамници со анти-нато ориентација, измамници кои сакаат да ја загрозат нашата НАТО перспектива. И не сум бил само јас, туку и некои други политичари и високи функционери како Столтенберг, Ердоган…“, рече Заев на прес-конференцијата, а премиерот смета дека нема елементи да поднесе оставка.

„Тие ја искористија мојата отвореност, кон сите теми да зборувам отворено и уште еднаш жалам што се случи ова. Меѓутоа тука нема елементи за моја оставка“, рече Заев.

За давањето на бројот на Столтенберг, Заев вели:

„Нормално е да дадам број, затоа што сметам дека украинскиот претседател е пријател и неговите намери се искрени. Тука нема издавање на државни тајни, туку работи кои се секојдневни“, рече Заев.

 

 

 

 

ИЗВОР: ТВ21

GOLD
To Top