Новости

Македонија

Заев: Политичките партии да бидат пример за почитување на препораките

Социјалдемократскиот сојуз ќе ги почитува препораките и мерките на Владата за справување со коронавирусот и своите предизборни активности ќе ги води преку медиумите, социјалните мрежи и преку лајфстриминг, порача денеска лидерот на партијата Зоран Заев по лидерската средба во Владата свикана по барање од премиерот Оливер Спасовски.

– Здравјето на граѓаните е највисок прироитет за сите институции и политички субјекти. Здравјето секому треба да му биде над сè останато, изјави Заев, додавајќи дека политичките партии треба да бидат пример за почитување на инситуционалните препораки.

Тој рече дека не се разговарало за одложување на изборите и оти начинот на водење на предизборната кампања ќе биде усогласен со мерките и препораките и оти тие се за доброто на сите граѓани за брзо и ефикасно справување со ситуацијата.

Апелираше до родителите на кои им е онезвоможено правото да отсуствуваат од работа да го пријават во Државниот трудов инспекторат, а до граѓаните да не им веруваат на лажните вести, туку на официјалните податоци што ги објавува Министерството за здравство.

– Имаме должност и одговорност сите да ги следиме. Апелирам сите да не мрднеме ниту милиметар од препораките. Институциите покажаа капацитет за справување со ситуацијата и убеден сум дека ако сите се спротивставиме заедно, оваа состојба набрзо ќе биде надмината, истакна Заев.

GOLD
To Top