Новости

Македонија

Заев: Од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица, немам симптоми, денеска се тестирав

По информацијата која ја објави министерот за здравство Венко Филипче дека лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се во домашна изолација после интервју со новинар позитивен на коронавирус, на фејсбук се огласи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Би сакал да ве информирам дека во текот на минатата недела имав ТВ интервју со новинар, за кој неодамна се утврди дека е позитивен на КОВИД-19. Иако во текот на интервјуто ги преземавме сите заштитни мерки како избегнување контакт и одржување дистанца, согласно сите протоколи, од денеска сум во самоизолација во мојот дом во Струмица. Немам симптоми, денеска се тестирав за присуство на вирусот и резултатите ги очекуваме во текот на денот – по што ќе се утврдат следните чекори“.

GOLD
To Top