Новости

Македонија

Заев го „кани“ Груевски да се врати дома

Премиерот Зоран Заев смета дека експремиерот Никола Груевски кој е во политички азил во Будимпешта може да и помогне на државата и го повика да се врати назад. Заев го упати повикот откако Груевски на својот Фејсбук профил се понуди да го брани премиерот од како што вели афери и скандали кои му се случуваат речиси секојдневно. Помошта, според Заев, би се состоела во тоа експремиерот да ја отслужи веќе досудената казна.

– Убаво е да дојде. Нека дојде. Треба помош во државата. Помош во државата е и кога ќе си ја реализирате казната. Се е помош. Сите испраќаме порака на одговорност со се, заради тоа можам да испратам навистина двосмислена порака – нека се врати дома, изјави денеска во Битола премиерот Зоран Заев.

GOLD
To Top