Новости

Македонија

Законот за јазици излезе во последниот број на Службен весник

Во денешното издание на Службен весник е објавен Законот за употреба за јазиците, кој е донесен во Собранието пред една година но не можеше да стапи во сила без да биде излезе службено во јавност.

Истиот е без потпис на указ од страна на претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, односно заверен само од страна на собранискиот спикер Талат Џафери. Во последниот број на Службен весник е објавена и ратификуваната Спогодба од Преспа, исто така без потпис од Иванов.

Со објавувањето на Законот во Службен весник, тој официјално стапува на сила со што албанскиот јазик станува втор службен јазик во Македонија.

Актите се објавени, веднаш откако еден ден претходно беа излезени службено и уставните измени, инаку изгласани со двотретинско мнозинство во Собранието во петокот.

 

 

 

Извор: Фактор

GOLD
To Top