Рисот Б 8 засега го држи рекордот за најголем балкански рис што бил фатен за научно истражување. Со 27 килограми сметаме дека тој е вистински „ѕвер“, велат од еколошкото друштво.

Станува збор за постојан жител на паркот кој е сликан од фотозамките на вкупно 12 различни локации во последните шест години.

На рисот Б8 му е поставен околувратник и веќе три дена се добиваат информации за неговото движење низ паркот. Податоците од радиотелеметријата ќе придонесат за подобро да се разберат потребите на рисот за исхрана и живеалиште, а и за дијаметарот на неговото движење.

Од еколошкото друштво, покрена и иницијатива за име на рисот. Предлозите се: Бистри, Филип, Јован, Мујо, Сенко и Вир, а гласањето е електронско.