Новости

Македонија

Заменик министерот за образование и наука Петар Атанасов поднесе оставка

Петар Атанасов заменик министер за образование поднесе оставка.
-Мојата позиција останува неодржлива и неефективна . Влегов во систем кој со години не само што не се менува туку многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на министерството овој период не се случи ништо позначајно, пишува Атанасов во оставката. Тој вели дека го информирал Премиерот за истата уште пред реконструкцијата.

– Ова ви го соопштив уште пред реконструкцијата, но еве сега може и да се процесуира. Едноставно, мојата позиција станува неодржлива и неефективна. Истовремено, давам оставка и на сите дополнителни функции во рамките на Министерството за образование и во Владата која Вие ја предводите. Во изминатите неполни 10 месеци, со големо задоволство и верба ја прифатив поканата да ја извршувам оваа функција. Влегов во систем кој со години не само што не се менувал, туку и многу назадувал и еродирал. Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! Пред само една недела во еден јавен настап кажав дека треба да се запали црвеното светло и дека ако продолжиме со ова темпо, може да очекуваме образованието да го реформираме за 10 до 15 години. А можевме многу, многу, подобро, пишува Атанасов во отвореното писмо.

GOLD
To Top