Новости

Македонија

Започната истрага за групата „Јавна соба“ на Телеграм

Тинејџер ја создал затворената група „Јавна соба“ на социјалната мрежа „Телеграм“ на која беа објавувани фотографии со интимна содржина на малолетни лица, според неофицијални информации кои ги пренесуваат повеќе македонски медиуми.

Во информициите се вели и дека полицијатаму влегла во трага на администраторот, а ги обезбедила и телефонските броеви на членовите на групата.

Фотографии од малолетни девојчиња од земјава со интимна содржина, видеа на раб на порнографија се споделуваа до вчера во затворената група „Јавна соба“ креирана на апликацијата „Телеграм“, која до тогаш броеше над 7.400 членови.

Уште вчера беше соопштено дека Бирото за јавна безбедност (БЈБ) во координација со Јавното обвинителство почна да трага по креаторите, кои создале група на „Телеграм“ .

GOLD
To Top