Новости

Македонија

Започна координативниот состанок на државниот врв за името

Денес, на иницијатива на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во 18 часот во Клуб на пратеници, започна координативната средба на државно-политичкиот врв на Република Македонија.

На средбата се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата околу името, која ја предложи личниот претставник на Генералниот секретар на ОН г-динот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.

Во Клубот на пратеници пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов, со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на состанокот е придружуван од Владо Мисајловски и Александар Николовски, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети дојде со потпретседателите во Владата, Бујар Османи и Хазби Лика.

Од МНР вчера соопштија дека по завршувањето на средбата не е предвидена прес-конференција и изјави за медиумите.

 

Евротип
Евротип
To Top