Новости

Македонија

За инвестиции жените на село ќе добиваат по 3.000 евра

За жените на село ќе се доделуваат 180 илјади денари за инвестиции.

Неповратната финансиска поддршка од 180 илјади денари е за инвестиции коишто ќе придонесат за развој на руралните средини. Ова е мерката која ја прифати денеска Владата на 136 седница, која предвидува изменување на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период од 2018-2022 година, во насока на поддршка на жените од руралните средини.

Како што соопшти владината прес-служба, на денешната седница беше прифатен и Предлог – законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање на Културно-информативни центри во Република Северна Македонија и Културно – информативни центри во Република Албанија.

GOLD
To Top