Новости

Македонија

Зоран Милевски Кичеец призна вина

Еден од обвинетите во случајот Рекет, Зоран Милевски Кичеец, призна вина на денешното прво рочиште на судењето. Милевски беше обвинет за делото примање награда. Тој и Боки 13 од домот на бизнисменот Орце Камчев во скапа чанта изнесоа 500-тини илјади евра. Во моментов има пауза на судењето, за да се раздвои постапката, по што ќе треба судењето да продолжи, но без него.

Судењето продолжува со воведни зборови на обвинителството и одбраната на Катица Јанева и на Бојан Јовановски пренесува Телма.

GOLD
To Top