Новости

Македонија

Зошто е експресно повлечен „Ранитидинот“ и „Ранисанот“ од „Хемофарм“

Лекот „Ранитидин“ и „Ранисан“од „Хемофарм“ е повлечен од употреба од аптеките во Македонија.

За Канал 5 фарамцевтите објаснуваат дека лекот бил повлечен многу брзо во петокот. Причина за повлекување на лекот е сомнеж на количината на пронајдени нечистотии во супстанцата на лекот, се вели во соопштението на српската агениција за лекови. Лекот е повлечен од сите земји каде бил доставен.

„Европската агенција за лекови, во тесна соработка со националните агенции за лекови, ќе ги провери сите готови лекови што содржат активна супстанција ранитидин хидрохлорид од различни производители. Контролата е почната на 12 септемвр. Наодот ќе го почитува и Хемофарм, кој работи во согласност со европските принципи”, се вели во соопштението од српската компанија за лекови.

Агенцијата за лекови и медицински средства засега без официјални инфорамции за медиумите за повлекувањето на лекот, ниту има податоци на нивниот официјален сајт на МАЛМЕД. Она што треба да се одговори и колку граѓаните пиеле од лекот и дали станува збор за една серија на лек и дали се пријавени несакани ефекти од лекот?

Од „Хемофрам“ објаснуваат дека се работи за превентивна одлука се додека не се докаже дали навистина во лекот има „нечистотии“ како што соопштија  од страна на европската агениција за лекови. Овој лек се користи за лекување на чир на желудникот, чир на дванасетпалечно црево и по операција на чир на желудник пренесува канал5.  

GOLD
To Top