Новости

Македонија

Иванов: Веднаш покрени ми импичмент

Шефот на државата Ѓорге Иванов го повика премиерот Зоран Заев веднаш да му поднесе импичмент. Иванов реагира, како што вели на сите изнесени невистини и закани на премиерот во интерјвјуто во емисијата „ Само вистина“.

– Го повикувам г. Заев со истото двотретинско мнозинство кое е неопходно за менување на Уставот на Република Македонија, веднаш да покрене постапка за утврдување на одговорност на претседателот на Републиката, односно импичмент. Мојот став во однос на штетниот договор за името е конечен и останува непроменет и покрај сите искажани закани и притисоци -вели во изјавата Иванов.

Заев во интервјуто, објаснувајќи ги напорите за имплементацијата на Договорот со Грција рече:

– Парламентарното мнозинство ќе се окрупни и ќе достигне до двотретинско мнозинство, ако е тоа потребно заради импичмент за шефот на државата, Ѓорѓе Иванов.

Претседателот Иванов резолутно најави дека ќе се спротивстави на ратификацијата на Договорот, а ова е прва најава на премиерот дека Иванов ќе биде соочен со импичмент.

 

 

 

Извор: +инфо

Evrotip
Евротип
To Top