Новости

Македонија

Иванов: ЕУ да определи датум за почеток на пристапните преговори

Статус-квото не смее да продолжи и затоа е потребно Европската унија да определи датум за почеток на статус пристапните преговори со Македонија.

Ова е пораката на шефот на државата Ѓорге Иванов која ја испратил од работната средба со амбасадорите на земјите- членки на Европската унија.

„Неопходна ни е трансформирачката моќ на пристапниот процес, како и обединувачката моќ на процесот, за соочување со длабоката политичка поларизација во земјата“- посочил Иванов кој  побарал од лидерите на парламентарните партии, приоритет да им бидат законите и решенијате од европската агенда.

Тој ги повикал лидерите на парламентарните партии да покажат одговорност и да ја обноват посветеноста за европска и за евроатлантска македонија, а приоритет да се даде на закони и решенија од европската агенда.

faktor.mk

Евротип
Евротип
To Top