Новости

Македонија

Иванов денес ќе има обраќање до граѓаните

По кусата средба во вилата на Водно од кабинетот на претседателот на Република Македонија соопштуваат дека претседателот Ѓорге Иванов ќе има обраќање до граѓаните. Точното време на обраќањето не е соопштено, а во соопштението стои дека Иванов ќе се обрати во текот на денешниот ден.

„Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ги прими претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров. Информираме дека средбата траеше две минути. Во текот на денешниот ден претседателот Иванов ќе има обраќање до македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија”, стои во кусото соопштение од кабинетот на претседателот.

На денешната средба закажана за во 10 часот Иванов требаше да ги добие сите детали околу вчера постигнатиот договор меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Но, како што веќе објавивме претседателот ги избркал Заев и Димитров велејќи им дека нема потреба да го продолжат состанокот пренесува мкд.

GOLD
To Top