Новости

Македонија

Избеганиот началник Грујевски доби една и пол година затвор за „Тврдина 2“

Една и пол година затвор во отсуство му изрече денес Основниот кривичен суд во Скопје на избеганиот поранешен началник во УБК, Горан Грујевски за случајот „Тврдина 2″. Пресудата е изречена во повторена постапка, а е идентична како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече,  а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење пренесува МКД.

Грујевски се бара по потерница. Во случајот „Тврдина 2″, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, а во првата постапка им се судење и на шестмина вработени во УБК за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.

Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Предметот беше вратен само за поранешениот началник.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 ноември 2016 година, а Кривичниот суд во ноември 2017 година ја објави пресудата, но во мај минатата година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство на Горан Грујевски.

Денес суд ја изрече повторно истата пресуда.

GOLD
To Top