Новости

Македонија

Известување од НЛБ Банка за грабежот во експозитурата Чаир

„Утринава во експозитурата Чаир на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж. Клиентите кои се затекнаа во нашата експозитура и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба.

Во овој момент, Банката соработува со надлежните органи за најбрзо и ефикасно решавање на случајот.

Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително.“

GOLD
To Top