Новости

Македонија

Изградбата на новиот клинички ќе почне вгодина, ќе чини 500 милиони евра и ќе заврши за 7 години

Новиот клинички центар ќе се гради во Скопје и ќе чини 500 милиони евра. Парите ќе се обезбедат од линијата комерцијални банки Ерсте Груп, Рајфазен Банк и Уникредит, известуваат од Министерството за здравство. Во оваа сума не е вклучена инфраструктурата. Овој дел ќе се покрие со пари од државен буџет.

Изградбата на објектот опфаќа површина од 105 илјади м2 и ќе се реализира во три фази. Првата фаза ќе заврши за 3 и пол години, а граѓаните на почеток ќе можат да добијат услуги  во одделот за хирургија, интензивна нега, дијагностика и операционите сали. Во втората фаза пациентите ќе имаат пристап до Педијатрија, акушерство и неонатологија. Целиот проект според министерот за здравство Венко Филипче ќе трае 7 години.

Министерот за здравство не даде информации во врска со тоа кога ќе се добијат финансиите, колку изнесува рокот за враќање на истите и колку изнесува нормата на интерес. За овие информации Филипе рече да се обратиме до Министерството за финансии.

Додека се гради новиот клинички центар, граѓаните ќе продолжат да ги добиваат здравствените услуги во универзитетскиот клинички центар Мајка Тереза. За истиот Филипче рече дека ќе се среди хаосот со паркингот и ќе се санираат просториите кои се во лоша состојба. Останува да се одлучи дали постоечкиот Клинички центар целосно ќе се отстрани или ќе останат неколку оддели за услуга на граѓаните кои живеат во тој дел од градот пренесува тв21.

GOLD
To Top