Новости

Македонија

Искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак

Искорната е спомен плочата за загинатите војници во масакрот кај Карпалак кој се случи за време на конфликтот во 2001.

Малата спомен плоча беше поставена на банкината од Автопатот Скопје – Тетово, е извадена и веќе не е единствен потсетник за масакрот.

За ова е пријавено и во полиција која изврши увид на самото место. Од МВР велат дека случајот е пријавен од страна на претставници на Здружението на бранители и се работи на негово расчистување.

Оваа плоча беше единствен потсетник за масакрот кај Карпалак, кој е најброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година.

Во изминатите неколку години на ова место неколку пати беше поставувана спомен плоча, но кратко време по официјалното одбележување на настанот, непознати сторители ги кршеа плочите. Националниот координатор за прашања поврзани со здружението на бранители Стојанче Ангелов очекува сторителите да биде откриени но и прашува на кој му одговара ваквиот чин?

На местото Карпалак на 8ми август во 2001 година животот го загубија 10 армиски резервисти кога нивниот конвој беше нападнат од заседа од албанските герилски борци.

Војниците, сите од Прилеп, загинаа кога нивниот камион беше погоден со ракетни фрлачи.

Нападот на Карпалак беше извршен само четири дена пред потпишувањето на меѓународно посредуваниот Охридски рамковен договор со кој беше ставен крај на краткотрајниот вооружен конфликт од 2001 година пренесува канал5.

GOLD
To Top