Новости

Македонија

Истекува рокот за регистрација на системот за електронска даночна пријава

Истекува крајниот рок до кој граѓаните треба да се регистрираат на системот за електронска даночна пријава во Управата за јавни приходи. Граѓани кои досега го немаат сторено тоа, може да го направат уште денескa.

Канцелариите на УЈП, како што информираат оттаму, ќе бидат отворени и денес од 07:30 до 16:30 часот. За поголема достапност на граѓаните, УЈП имаше отворено и канцеларии во општините Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Кисела Вода кои работеа до петокот, додека даночниот шалтер во општина Чаир ќе работи денесka и ќе врши прием на барањата.

Во електронскиот систем треба да се регистрираат сите физички лица кои имаа остварено приход  како плата, регрес за годишен одмор, приходи од закуп, од добивки од игри на среќа, од странство и други приходи кои подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, заради прием на пополнетета Годишна даночна пријава (ПДД-ГДП) од УЈП, како и заради потврдување или коригирање на податоците за приходите и платениот персонален данок.  Немаат обврска да се регистрираат пензионерите кои примаат само пензија.

Со предвидената реформа од 1 јануари 2019 година, Управата за јавни приходи ќе биде сервис на граѓаните и ќе изготвува пополнета Годишна даночна пријава за сите граѓани – физички лица кои оствариле приходи во текот на 2018 година и истата ќе  ја доставува до граѓаните за потврдување или коригирање./МИА

GOLD
To Top