Новости

Македонија

Истекува рокот на млекарите и за живинарите за поднесување барање за субвенции

Денеска е последен ден до кога  млекарите и за живинарите можат да поднесат барање за субвенции за предаденото млеко и за купени несилки и пријавувањето за добивање субвенции за сточарите кои го предале млекото во последните три месеци од минатата година.

Финансиската поддршка за  литар кравјо, овчо и козјо млеко изнесува по 3,5 денари.

За млекото висината на поддршката е по 3,5 денари за еден литар однесен во лиценцирана млекарници.

Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

До крајот на денот истекува и рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка  и во живинарството за набавени несилки исто така од октомври до декември 2016 година.

За секоја купена несилка ќе се добиваат по 100 денари субвенции.

GOLD
To Top