Новости

Македонија

И денеска сончево и топло

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 35 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 32, Кавадарци 36, Крива Паланка 30, Берово 29, Дојран 37 степени.
И утрев времето ќе биде сончево со умерена облачност, во крајните западни делови попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Дневните температури ќе се движат од 23 до 36 степени.
GOLD
To Top