Новости

Македонија

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. апостол и Евангелист Матеј, кој пострадал маченички за Христа

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 ноември.

Денеска е Св. апостол и Евангелист Матеј.

Свети Матеј претходно беше цариник, т.е. собирач на порез. Кога Христос го повика, тој веднаш одговори на повикот, сосема преобразувајќи ги страсните желби во бестрасни и љубовни. После Христовото вознесение беше избран за дванаесетти апостол, на местото на предавникот Јуда. Откако врз апостолите слезе Светиот Дух, тие се распрснаа по светот да го проповедаат Евангелието.

На Матеј му се падна да проповеда во Партија, Мидија и Етиопија. Најпосле, пострада маченички за Христа, во Етиопија.

КАТОЛИЧКИ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Катарина Лабоур.

На 27.11 1830 година, на полноќ, во улицата Руе ду Бак во Париз, на Катарина и се појавила Св. Богородица. Таа молчела 40 години и никому не кажувала што и се случило. Пред да умре, им кажала на луѓето дека и се појавила Света Богородица од чудотворен медаљон. Како млада девојка се одлучила да им се посвети на најсиромашните и поради тоа им се придружила на сестрите Милосрднички. Катарина имала една желба: во светот да се прошири чудотворието, а со тоа и честа на Мајката Господова. Умрела во 70-та година од животот.

Црквата на улицата Руе ду Бак, во Париз, каде почива телото на Катарина Лабоур, годишно ја посетуваат околу два милиони луѓе, молејќи и се за разни потреби. Во црквата се случиле многу чудесии (многу болни луѓе, се здобиле со здравје на душата и телото).

GOLD
To Top