Новости

Македонија

Каде е Катица Јанева? Трет ден како не е на работа, а не е пријавена за болна

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева трет ден не се појавила на работа, потврдија за Радио Слободна Европа од Специјалното јавно обвинителство.

Како што потврдуваат од Специјалното јавно обвинителство за Радио Слободна Европа и денеска Катица Јанева не поднела никакво образложение за отсуството и дека нема поднесено барања за боледување.

Катица Јанева во понеделникот поднесе неотповиклива оставка која треба да стапи во сила штом се донесе нов закон со кој ќе се регулира статусот на Специјалното јавно обвинителство и штом ќе се избере нејзин заменик.

Според порталот Лидер Боки 13 изнудувал пари благодарение на неговата бизнис поврзаност со Катица Јанева, чиј син, Лазар Јанев, е вработен во телевизијата на 1 ТВ како директор на маркетинг.

Оваа поврзаност на Боки 13 со Катица Јанева е основата на рекетот, а извори за Лидер тврделе дека Јанева исто така била вмешана во рекетот и се истражува текот на парите за да се види дали и во нејзиното семејство завршиле дел од изнудените пари.

Во наредните денови се очекува таа да биде повикана на распит.

mms.mk

GOLD
To Top