Новости

Македонија

Какво време не очекува за 1 Мај?

За време на празникот 1 Мај во Македонија времето ќе биде сончево со температури до 31 степен, најавуваат метеоролозите.

Од УХМР информираат дека времето на 1 мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови со услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 26 до 31 степен.

Топлото време продолжува во наредните денови, со услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во попладневните часови.  Од  средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

Евротип
SNBROKER
To Top