Новости

Македонија

Како да се заштитите од студеното време – препораки од ЦЈЗ Битола

Студеното време, особено екстремно ниските надворешни температури, можат да бидат опасни за сите и да предизвикаат различни последици по здравјето. Со цел превенирање на штетните влијанија и на последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населението Центар за јавно здравје ги издава следните

Препораки за заштита на здравјето на населението од студени бранови и студено време во зимскиот период:

  • Вакцинирајте се навремено против сезонски грип (особено важи за лица над 60 години и хронично болни лица)
  • Редовно земајте ја пропишаната терапија и консултирајте го Вашиот матичен лекар.
  • Пијте топли напитоци.
  • Јадете доволно бидејќи тоа ја одржува температурата на телото.
  • Избегнувајте алкохол бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија.
  • Во случај на настинка и потешкотии на дишењето, обратете се кај Вашиот матичен лекар.
  • Проверете го времето и временската прогноза и одберете соодветна облека.Во случај на екстремно ниски температури:
    • Избегнувајте физичка активност на отворено.
    • Користете топла, повеќеслојна облека и соодветни обувки за снег и мраз.
    • Внимавајте на лизгави површини.
    • Размислете за набавка на основните лекарства и намирници порано, да ви ги достават, или пак да прашате пријател или сосед за помош.
    • Избегнувајте да излегувате надвор освен ако не е неопходно
    • Бидете активни и движете се во затворени простории, колку можете повеќе.
    • Проверете го греењето во домот. Најмалку една соба треба да ги исполнува препорачаните собни температури (18 – 21OC).
    • Доколку сте во можност помогнете на членовите на фамилијата, соседите или пријателите кои спаѓаат во ризичните групи на население (постарите лица или оние со белодробни заболувања). Доколку забележите лице од ризик од студено време (бездомник, деца на улица и сл) пријавете на бесплатниот телефон 15505.

    Информации за ранливите групи на население:

    • Постарите лица имаат потреба од потопла облека бидејќи тие создаваат помалку топлина за своите тела.
    • Бебињата се повеќе подложни на ладење, затоа треба да се проверува дали се загреани (дланките и стапалата треба да се топли).
    • Доколку имате срцева или белодробна здравствена состојба, избегнувајте тешки вежби на ладни температури, и облекувајте се соодветно (заштитете ги вашите глава, дланки и стапала). Земајте ги вашите лекарства редовно; доколку користите инхалатор, вдишете од истиот пред да излезете на ладно.
    • Доколку имате дијабетес, вашите дланки и стапала може полесно да се повредат или, при екстремни услови, да страдаат од смрзнатици, затоа внимавајте да останат загреани.
    • Доколку имате артритис, можете да дојдете до заклучок дека ладното ги влошува вашите симптоми. Ќе помогне доколку ги загревате повредените зглобови, и можеби ќе треба да ги приспособите вашите лекарства.
    • Обрнете особено внимание на оние кои живеат сами.

cold-1

 

  • Во периодот на екстремно ниски температури да се избегнува престој на отворено. Доколку се јави неопходна потреба за престој на отворено истиот да се ограничи максимум на 2 часа.
  • Да се носи топла облека, обувки кои спречуваат лизгање, да се консумираат топли напитоци.
  • Хронично болните лица да одбегнуваат непотребни излегување на отворено, да ја обезбедат навремено редовната терапија и редовно да ја консумираат.
  • Да се одбегнува непотребно патување, доколку има неопходна потреба од патување да се понесе топла облека, кебе, храна, вода, поради ризик од непроодни или отсечени делници.
  • Доколку некое лица има потеба од помош или увиди потреба за помош на друго лице, да се јави на телефоните 194 за медицинска помош и 195  во ЦУК за било која друга помош, или на телефон на Црвен крст на РМ на бројот 3139 578.

Повеќе информации тука.

GOLD
To Top