Новости

Македонија

Камчев бара отштета од 1,5 милиони евра од Боки 13, Јанева и Милески

По извршениот 30-минутен преглед врз првообвинетиот Бојан Јованивски, лекарот утврдил деја тој е во добра општа здравствена состојба да го следи денешниот старт за случајот „Рекет“ по што судскиот совет одлучи процесот да продолжи.

Одбраната на Јанева побара изземање на аудио и видео снимките прибавни на незаконски начин кој ги направил Боки 13, но судот го одби тоа барање како неосновано.

Пред почетокот на јавната расправа адвокатите на тројцата обвинети (Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески) до судот и обвинителството доставија дополнителни докази.

Адвокатот ополномоштен од Орце Камчев, денеска го извести судот дека се приклучува во прогонот против обвинетите и од нив побара отштета од 1,5 милиони евра.

Извор: С. Печат  

GOLD
To Top