Новости

Македонија

Квотите за лекови од утре заминуваат во историјата

Од утре нема повеќе квоти за лековите. Со новата мерка на фондот за здравство значи дека било во кој ден од месецот може да се подигне лек на рецепт.

Лековите ќе се подигнуваат само со лична карта, истото правило ќе важи и за подигнување на лек за друг човек. Со сопствена лична карта ќе може да го земете лекот на рецепт за малолетно лице или за човек кој не може сам да го земе лекот,  потенцираа од фондот. Засега првиот човек на фондот Ден Дончев не ја кажа сумата, но и тој и премиерот Зоран Заев потенцираа дека средства ќе има.

Оваа мерка почна со примена во неколку туристички места и покажала добри резултати.

Од фондот за здравство најавија дека во наредните месеци ќе има измени во електронскиот систем каде ќе се читаат личните карти преку уреди читачи пренесува канал5.

GOLD
To Top