Новости

Македонија

Кирацовски: Македонски јазик, Македонец, македонско оро се загарантирани

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, при посетата на Прилеп и Охрид рече дека имаме навистина историски Договор, поздравен од целиот демократски свет, со кој се зајакнува и гарантира нашиот идентитет.

„Македонски јазик, Македонец, македонско оро се загарантирани и никој нема да може да ги оспорува. Како генерација имаме единствена шанса да обезбедиме членство во НАТО и почеток на преговори, а потоа и полноправно членство во ЕУ. Да не ја испуштиме, туку на референдум да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО, да кажеме ДА за гарантиран македонски идентитет, ДА за нашата, македонска иднина“ – повика Кирацовски.

Истата порака ја испратија и од партијата.

faktor.mk

Evrotip
Евротип
To Top