Новости

Македонија

Клиниката за гинекологија со блокирана сметка

Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство неколку дена  е со блокирана сметка за 410.000 евра. Блокадата доаѓа по тужби на родители на деца родени во 2008 година кои останале слепи, бидејќи се задоцнило со дијагностицирање на ретинопатија, а решенијата  биле извршни – потврди за тв 24 директорката Викторија Јовановска.

Државна гинекологија веќе неколку месеци бара донации преку кампањата „Сите ние пријатели на бебињата, биди и ти”. Во однос на кампањата за донации и негативните реакции на родители по социјалните мрежи од Клиниката за гинекологија и акушерство  велат дека нема ништо спорно во ова и соопштија дека клиниката собира донации преку специјални телефонски линии, парите ќе се искористат за доопремување.

 

Извор: 24vesti.com.mk

GOLD
To Top