Новости

Македонија

Колку земјотреси ја погодиле Македонија годинава?

Првиот потрес на македонска територија годинава бил на 4 јануари и бил со магнитуда 2. Последниот, пак, бил на 19 ноември со јачина од 2,7 степени. Нашата земја досега ја погодиле 35 земјотреси, покажуваат податоците на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) пренесува Факултети.

Тоа што на листата не се наведени последните потреси е поради тоа што нивните епицентри не се во нашата земја.

Најсилниот земјотрес годинава во Македонија бил со магнитуда 3,9. Овој земјотрес се случил на 15 ноември, на 16 километри западно од Другово, а длабочината на епицентарот била 96 километри. На второто место според јачината е земјотрес од 14 јуни, кој имал јачина од 3,8 степени, длабочина од 5 километри, а се случил на еден километар северно од Охрид.

Следни по јачина се два земјотреси со магнитуда 3,1, од кои едниот се случил на 2 ноември, 2 километри западно од Градец, додека другиот на 6 февруари на 15 километри северно од Ново Село. Сите други земјотреси се со јачина под 3 степени.

Погледнете ја целата листа.
GOLD
To Top