Новости

Македонија

Колони возила на граничниот премин „Богородица”, се чека 40 до 50 минути

На граничниот премин „Богородица” уште од синоќа, а особено денеска има колони возила поради продолжениот викенд.

Од дежурната гранична служба за МИА изјавија дека во овие моменти автопатот е полн со автомобили до казиното „Принцес” и дека за поминување на границата кон Грција се чека од 40 до 50 минути и покрај тоа што автомобилите границата ја минуваат низ сите шест сообраќајни ленти.

На другите гранични премини според информациите на АМСМ нема подолги задржувања.

GOLD
To Top