Новости

Македонија

Конечно доаѓа вистинското лето – убава вест за сите кои ќе одат на одмор

По многу долг период конечно ФЛОРИЈАН го испраќаме па така во текот на следната недела како што и претходно најавивме ќе можеме да уживаме во далеку постабилно време со повисоки температури на воздухот, вели метеопрогнозерот Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево, топло и спарно со мала до умерена локална облачност, само на планинските места повремено има услови за сосема краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Максимумот на температурите на воздухот во текот на новата недела која што ни претстои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има висока до многу висока вредност и ќе изнесува коефициент од 8 до 9 па затоа апелира на внимателност.

skopje24.mk

 

GOLD
To Top