Новости

Македонија

Косовски заменик-министер загина во лавина на Шар Планина

Заменикот министер за дијаспора на Косово, Ариан Даци, загина во лавина во Брезовица, јавуваат приштински медиуми на албански јазик.

Несреќатата се случиlа во близина на скијачкиот центар „Брезовица“ на Шар Планина. Претставник на полицијата во Урошевц, Басри Шабани, потврди дека во лавината на Брезовица имало човечки жртви, пренесува косовската „Газета експрес“.

Смртта на Аријан Дачија, кој што е син на некогашниот претседател на кососвскиот парламент Неџад Дачија, за „Газета експресс“ ја потврдиле и претставници на владата во Приштина.

GOLD
To Top