Новости

Македонија

Кочан, сепак на 17 јули треба да оди в затвор, судот ја одби молбата за одлагање

Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули сепак ќе треба да почне да ја издржува затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“ откако Основниот суд Скопје не ја прифати неговата молба за одлагање на затворската казна.

„Ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“, соопшти Основниот суд Скопје.

Според одлуката на судот, Кочан за две недели треба да се појави в затвор.

Инаку, пресудите во случајот „Труст“ беа објавени минатото лето. Кочан доби 6 години затвор, второобвинетиот Василие Авировиќ, 2 години, а пресудата за Сафет Ватиќ беше ослободителна. Апелацискиот суд потоа ги намали казните, па Кочан доби 4 години и 8 месеци  затвор, а Авировиќ условна казна.

GOLD
To Top