Новости

Македонија

Кој колку должи – УЈП ја објави Листата на должници бр.08/2019

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.08/2019 за долгови доспеани до 30.04.2019 и неплатени до 31.07.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.8/2019 објавени се 2.013 должници – правни лица (повеќе за 89 од претходната листа) и 2.509 физички лица (повеќе за 627 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.8/2019 изнесува 9.855.487.876 денари, повеќе за 1.170.910.216 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.704.800.807денари (повеќе за 1.167.263.170 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 150.687.069 денари (повеќе за 3.647.046 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

GOLD
To Top