Новости

Македонија

Латас за прв пат седна на обвинителна клупа

Фото: архива

Драган Павловиќ-Латас денеска за првпат седна на обвинителна клупа за предметот „Тотал“ на Специјалното јавно обвинителство. Пред започнување на главната расправа одбраната на Латас побара да ги добијат транскриптите од 14 бомби кои СЈО ги има предложено како доказ.Адвокатката Снежана Савиќ истакна дека без да ги видат транскриптите од прислушуваните разговори нема да можат да дадат воведни говори. Обвинителката пак истакна дека обвинетиот имал досега можност да ги преслуша бомбите.

„По завршување на истрагата, обвинетиот и адвокатите беа повикани да ги преслушаат разговорите, но тоа не го сторија“, рече обвинителката Елизабета Јосифовска, која се спротивстави на ваквото барање бидејќи на тој начин би се одолговлекувала постапката.

Судијката Славица Наумова го усвои барањето на одбраната и им додели транскрипт од прислушуваните разговори за како што реле, да се запознаат со содржината на аудио материјалите.
Студирајте на БАС
To Top