Новости

Македонија

Лекарите ке добијат поголема плата од наредната година

Министерот за здравство Венко Филипче во моментов раговара со министерот за финансии Тевдовски за зголемувањето на платите на лекарите специјалисти за 2019 година.

Како што потсети Филипче при вчерашната посета на ЈЗУ Општа болница во Велес
веќе имаше зголемување на сумата за дежурствата на медицинските сестри, доктори и специјалисти. Воедно потсети дека еднаш покачувањето беше преку зголемување на сумата за дежурствата и ноќниот труд и вториот пат со пет проценти имаше зголемување на платата за сите вработени во јавно здраствениот сектор во земјава.

– Траат преговорите со министерот за финансии за зголемувањето на платите и на почетокот на наредната година како што ветивме за лекари специјалисти и ќе видиме дали тоа ќе се случи веднаш или на неколку наврати во текот на следната година. Ние работиме на исполнување на се што сме ветиле и сигурен сум дека ова се мерки кои прво го враќаат дигнитетот на здравствените работници и сериозно стимулативно ќе влијаат младите доктори перспективата и иднината да ја гледаат во нашата земја – вели министерот Филипче и дополни дека точно е дека ветувањето е за лекарите, но и дека тоа не значи дека и медицинските сестри и останатиот стручен персонал ќе остане без покачување.

GOLD
GoldSlot
To Top