Новости

Македонија

Личните податоци ќе се скенираат во аптеките, црвен аларм при злоупотреба на рецептите

Од 1 октомври со укинување на квотите за лекови стартува и нов систем со контролни механизми заради заштита од злоупотреба на рецептите. Од Фондот за здравство најавија дека новиот концепт или т.н. Нулта фаза, вклучува задолжително приложување на лична карта или пасош на тој што бара од матичниот лекар да му се препишат лекови на рецепт, а истото ќе важи и при подигнување на лековите во аптека.

Матичните лекари нема да ги запишуваат рецептите во здравствените книшки(запишувањето во книшка ќе важи до 1 октомври) , ниту ќе има хартиени дневници туку евиденцијата ќе се води како и досега електронски. Од ФЗОМ велат дека досега немале податоци за подигнатите рецепти, а тие воочиле дека системот за контрола на рецептите имал вградени слабости.

„Лековите не мора да се подигнуваат лично, но тој што ќе бара лекови за друго лице ќе мора да приложи документ за идентификација. Досега немавме информации за реално време, туку после еден месец од кога се подигнати фактурите“, рече Орхан Рамадани, еден од двајцата директори  на ФЗОМ, на денешниот брифинг со новинарите.

Како една од причините за која се зборува во пследно време, а тоа го кажа и премиерот Заев,  е злоупотреба на рецепти до страна на одредени матични лекари.  Во ФЗОМ  не сакаа да обелоденат детали, но наведоа пример каде еден пациент подигнал 27 пумпи за астма одеднаш, препишани до еден лекар.

Овој систем ќе функционира неколку месеци и ќе биде вовед во друг кога ќе се воведе електронскиот рецепт,  т.н црвено знаме кое ќе биде аларм дека некој ги злупотребува лековите на рецепт, како и воведување скенери во аптеките во кои ќе се скенираат личните карти на граѓаните. Ова се мерките кои ќе стартуваат по неколку месеци по овој преоден период:

  1. Воведување на електронски рецепт и укинување на хартиените рецепти.
  2. Легитимација или патна исправа
  3. Проверка во реално време со легитимирање
  4. Воведување на скенери во аптеките кои работат со ФЗОМ
  5. Систем на црвени знамиња(црвен аларм) ако некој лекар издаде многу рецепти или пациент подигне повеќе од нормално рецепти
  6. Граѓаните ќе можат да подигнуваат рецепти со лична карта и за друго лице.

Како што беше соопштено за скенерите ФЗОМ  ќе потроши околу 300 000 евра и ќе ги има во сите аптеки кои работат со рецепти со Фондот. Секоја аптека од вкупно 778 колку што имаат договор со ФЗОМ мора да има скенер и да ги скенира личните податоци на осигурениците, односно на тие што подигнуваат лекови. Во ФЗОМ не прецизираа дали се можни злоупотреби на личните податоци на пациентите, но рекоа дека се консултирале со Дирекцијата за заштита на лични податоци.

„Ние на ваков начин воведуваме контрола, а тоа е друго прашање за злоупотреба на личните податоци“, рече Ден Дончев директор на ФЗОМ не прецизирајќи дали ќе го понесат ризикот на можни злоупотреби на личните податоци на граѓаните.

Дончев рече дека во овој меѓу период ќе се набави софтвер за  да можат да се реализираат мерките за заштита, но не кажа колкав ќе биде финанскиот импакт од овој проект. Но, доколку се покаже нефункционален овој систем ќе се смени, велат во ФЗОМ.

Во ФЗОМ потенцираа дека реакциите на матичните лакари за хартиени дневници биле непотребни бидејќи некои од нив погрешно го разбрале Правилникот или пак го злоупотребиле напишаното во него пренесува новатв.

 

GOLD
To Top