Новости

Македонија

МВР: Две деца тешко повредени во сообраќајната несреќа Градско – Прилеп

На ден 22.04.2018 година во 20,00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Хјундаи“ со струшки регистарски ознаки управувано од Д.Д.(61) од Струга и трактор „ИМТ“  со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Р.Р.(36) од Росоман, при што, со тешки телесни повреди се здобиле две деца на возраст од 12 и 15 години, сопатници кои се возеле со тракторот. 

Повредените се пренесени во Општа болница Кавадарци. 

Извршен е увид на местото на настанот. 

GOLD
To Top