Новости

Македонија

МВР за страшната сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово

На 13.02.2019 година околу 17 часот на автопатот Скопје – Тетово, кај село Ласкарци, скопско, автобус сопственост на „Дурмо турс“со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.Т.(49) од Гостивар излетал од патот, се превртел и паднал на регионалниот пат Скопје – Тетово. Од здобиените повреди починале 14 патници, а 39 се повредени и хоспитализирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Медицински центар Тетово. Увидот од страна на Јавен обвинител и СВР Скопје е во тек.

GOLD
To Top