Новости

Македонија

Македонија дел од Светскиот студентски фестивал во Сочи

Македонија е дел од Светскиот студентски фестивал кој се одржува од 14-22 октомври во олипискиот град Сочи. Делегацијата на Меѓународниот Славјански Универзитет е дел од 20.000 учесници од целиот свет.

Фестивалот со говор го отвори претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Целта на овој фестивал е да се истражи Русија, со тоа што голем дел од учесниците посетуваа разни региони и градови низ Русија. Делегацијата на Македонија ги посети следните градови: Калининград,Владивосток,Великиновгород, Санкт Петербург, Ростов, Новосибирск. Меѓународниот Славјански Универзитет и Република Македонија со презентација на автентични предмети, туристички брошури ги презентираат убавините на Македонија со можност за привлекување голем број туристи и студенти,“ информираат од делегацијата на Меѓународниот Славјански Универзитет.

 

GOLD
To Top