Новости

Македонија

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги чествуваат Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

На предлог на Министерството за надворешни работи, на седница на Владата е усвоена информација за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Македонија и Република Бугарија, основана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка одржан во Софија на 10 јуни 2019 година.

Министрите беа информирани дека двете страни го разгледале годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и предлозите до владите кои се содржани во него, биле разменети оценки за досегашната работа на комисијата и постигнатиот напредок во делот на античката историја се донесени следните одлуки:

– Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува – соопшти Владата.

Исто така, се прифаќаат заедничките принципи и забелешки за содржината на учебниците за петто одделение во Република Бугарија и за шесто одделение во Република Македонија (Праисторија и Античка историја). Се поддржува предлогот на Комисијата за разгледување на наставниот материјал во учебниците за шесто одделение во Република Бугарија и седмо одделение во Република Македонија (Среден век) до крајот на 2019 година.

– Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања решително да ја забрза својата активност за значајни теми од нашата заедничка историја (Гоце Делчев, Илинденското востание и други), и да настојува да се постигнат реални резултати до крајот на 2019 година, во однос на содржината на учебниците. Прифатено е во својата работа Комисијата строго да се придржува кон одредбите од чл. 8, т. 2 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, која нагласува дека е неопходен “придонес за објективно, засновано на автентични и засновани историски извори за научно толкување на историските настани – се додава во соопштението.

GOLD
To Top