Новости

Македонија

Македонската армија ќе биде домаќин на воената вежба „Одлучен удар” со 2.000 американски војници

Владата на денешната 130-та седница ја разгледа и прифати Информацијата за изведување на вежбовната активност на македонската армија и Командата на US EUCOM „Одлучен удар”, која во неколку фази ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули оваа година.

На предлог на Министерството за одбрана, Владата на денешната седница донесе и одлука за одобрување за влегување и престојување на припадници на странски вооружени сили на територијата на земјава заради изведување на вежбовната активност „Одлучен удар”.

– Според информацијата усвоена на денешната седница станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на Република Северна Македонија во НАТО. На вежбовната активност е предвидено, освен учеството на 2.000 припадници на Армијата на РСМ, и активно учество на 2.000 припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави и 400 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Албанија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Бугарија и 10 различни видови моторни возила, 25 припадници на Вооружените сили на Република Литванија и 100 припадници на Војската на Црна Гора и 20 различни видови моторни возила, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Вежбовната активност, како што се вели во владиното соопштение, е насочена кон постигнување на интероперабилноста на припадниците на вооружените сили на земјите учеснички со цел овозможување на зголемена контрибуција во тековните и идните операции предводени од НАТО алијансата.

GOLD
To Top