Новости

Македонија

Македонско респираторно здружение бара поригорозно спроведување на Законот за заштита од пушење

Македонското респираторно здружение повикува да се преземат чекори за поригорозно спроведување на Законот за заштита од пушење наместо да има заложби за либерализација на пушењето.

– Секојдневно слушаме и гледаме дебати во јавноста и социјалните мрежи со бројни позитивни и негативни коментари во врска со предлозите за либерализација на Законот за пушење во Македонија. Како сериозни професионалци апелираме сите лица, тела и институции да направат се што е во нивна моќ за заштита на здравјето на населението во Македонија, стои во соопштението од Здружението.

Интенциите на оваа Влада, посочуваат од Здружението, се насочени кон реформи и интеграција на земјата во Европската унија.

– Како мислите да чекориме кон Европа со легализација на пушењето?, прашуваат од Здружението и додаваат дека како доктори и членови на многу европски и светски стручни медицински здруженија знаат дека ниту една земја во Европа и развиениот свет не го подржува пушењето.

GOLD
To Top