Новости

Македонија

Мицкоски: Ги штитиме интересите на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е против двосмислени прашања на референдумот

Разговаравме за избор на Државната изборна комисија, околу предлог законот за финансирање на политичките партии и околу измените во законот за влада што би значело формирање на техничка влада по пржинскиот принцип, ова по завршувањето на лидерската средба го истакна Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Истовремено зборувавме за повлекување на законот кој што го донесе претходно владата за избор на членови на ДИК каде бројот на потребното мнозинство ќе се врати на 2/3. Веќе во парламентот работните групи работат на усогласување на овие законски решенија и нивно понатамошно усвојување, што значи на нормален начин, не на девијантен Македонија ќе добие нов состав на ДИК, ќе добие нов закон за финансирање на политичките партии со што ќе се обезбеди отчетност и транспарентност и ќе добие нови измени во законот за влада со дефинирање на поимот техничка влада, по пржинскиот модел која ќе гарантира фер и демократски избори и изборен процес кога и да се случи, потенцираше Мицкоски.

-Ние ги застапувавме интересите на граѓаните со почитување на законите и Уставот коишто се однесуваат на овие две теми, околу карактерот на референдумот и содржината на референдумското прашање. Имајќи предвид дека парламентарното мнозинство е тоа коешто е надлежно да распише референдум, но, и да го дефенири референдумското прашање. Се обидувавме правно да го аргументираме нашиот став и да спречиме евентуално понатамошно насилие  во делот на распишување на самиот референдум, карактерот на самиот референдум, но и евентуалното референдумско прашање.

Нашата позиција е јасна и таа е партиски став дека референдумското прашање  мора да биде еднозначно што впрочем го дефинира и самиот Закон за референдум, но и самиот Устав, односно да има едно значење, а не да биде поврзувано со повеќе значења. И тука имаме генерално разлики со парламентараното мнозинство, и во делот околу карактерот референдумот што мислам дека ќе ги приближиме ставовите, односно, генерално имавме приближување околу ставовите што мислам дека успешен се смета оној референдум според Уставот  на кои се исполнети два кумулативни улови. И тоа првиот услов да излезеноста на таквиот референдум биде поголема односно да биде 50% плус еден, и минимум 50 % плус еден од тие што излегле на тој референдум да гласа „за“ или „против“ на евентуалното референдумско прашање.

Тоа е она кое што подразбирало успешен референдум кое што повторно ќе кажам може да го распише единствено парламентарното мнозинство, и тука ние како опозиција се обидуваме да влијаеме во делот на тоа да не повторно се кршат законите, процедурите и Уставот, да биде тоа на еден нормален начин на којшто ќе биде соодветен на законите и Уставот, со други зборови ги штитиме интересите на граѓаните, истакна Мицкоски.

Евротип
Евротип
To Top