Новости

Македонија

Мицкоски: Секој да постапи по свое убедување за референдумот

По консултации со граѓани за апстиненција или да се гласа против, оние малку кои поддржуваат, одлучивме секој граѓанин да постапи по свое убедување за референдумот. Нема партиите да одлучуваат туку нацијата и сите ќе се поклониме пред таа одлука, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Прашањето за името е едно од најзначајните, не само прашање на Заев и Мицкоски, ова е прашање за Македонија. Ова се историски мигови, судбоносни за Македонија, посочи Мицкоски. Пред нас е огромна бездна – Договорот со Грција, тоа е бришење на идентитетот. Република Македонија, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во тешка ситуација благодарение на неодговорни политичари.

„Македонија е скапоцен авион во раце на долесценти. Оваа Влада не оставрува ветувања, има корупциски афери, милиони во џебови на функционери, тендер од милиони евра на сомнителни фирми. Ако не се багерите да газат, полицијата малтретира, градоначалници потсетуваат дека се снима“, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ беше исклучен од преговорите за името, посочи лидерот на опозицијата и додаде дека Заев ветува нешта што не може да ги исполни.

„За мене не е секојдневие менување на ставот за смена на името. Договорот не го прифаќаме, јасно е дека се менува Уставот, идентитетот, пасошите, личните документи, ќе има ревидирање на култура и традиција, сето ова е спротивно на нашите ставови“, додаде Мицкоски.

Свесно се одбра манипулативно референдумското прашање за да се донесат во заблуда граѓанте, вели Мицковски и уште еднаш го повтори ставот на партијата дека ВМРО-ДПМНЕ е за членство во НАТО и ЕУ, но силно се против договорот. Владата почна жестока милионска кампања само за ЕУ и НАТО, а ништо за договорот кој е на маса, посочи Христијан Мицкоски.

makfax.com.mk

GOLD
To Top