Новости

Македонија

Молитва за денешниот празник Свети Василиј Острошки која помага за болести

Македонската православна црква денес го слави Свети Василиј Острошки- големиот чудотворец, чии мошти се чуваат во манастирот Острог во Црна Гора.

Ова е молитва која треба да се изговори кога му се обраќате за помош на Свети Василиј Острошки.

„Свети Василиј, голем Божји човеку, помогни им на сите и на мене. Голем бранителу на Православните, одбрани не нас, кои твојата Света вера ја држиме и со надеж ти пристапуваме.

Помоли му се на Бога за сите твои луѓе, па и за мене недостојниот последно. Спаси не од бедата на видливите и невидливите.

Осветли ни ги патиштата и разложи ни ја тагата. Со молитва и солзи ја загреваше ладната пештера острошка, па сега загреј ја нашата душа и срце со Божјиот дух, да се спасиме и да го славиме Бога семоќниот и тебе Светецу Божји.

Од сите страни на светот те притискаа, а ти помагаше, ги изгони демоните, ги раскинуваше врските со ѓаволите, и здравје душевно и телесно им даруваше на луѓето.

Така и сега помогни, на крстените и некрстените, како и екогаш, на сите, па и на мене, смирувачу на скараните браќа, збратими ги разбратените, осветли ги тажните, скроти го самоволните, исцели ги болните.

Свети Василиј Чудотворе и Оче наш духовен, слушни ги и исцели ги чедата твои духовни во името на Христа Исус Господ наш. Амин.“

GOLD
To Top