Новости

Македонија

Муса поднесе оставка, тврди дека наседнал на стапица

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, соопшти денеска дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка, направена од албанска телевизија, а на која се гледа како тој прима пари на рака од пациент од Албанија.

Се повлекувам од функцијата заменик министер за да ја расчистам оваа дамка против мене. Продолжувам и понатаму да им служам на граѓаните на нашата земја и пошироко – рече тој.

Муса тврди дека наседнал на стапица и на денешната прес конференција изјави дека станува збор за пари кои треба да ги плати за интервенција секој странски државјанин.

-Мојот искрен обид да им помогнам на пациентите се претвори во стапица за спектакл на медиумите, кои имаат намера да ја оштетат мојата професионална фигура. При постојаното барање на пациентот, го информирав дека интервенцијата за странски граѓанин, кој не е осигуран во нашата држава е приватна и го информирав за можниот износ на интервенцијата по неговото прашање за пакетот – рече Муса.

Како што рече тој со објавување на снимката, против него се води медиумска хистерија

-Токму овие пациенти постојано се обидуваа да приредат стапица против мене во било која форма. Посветеноста, професионалноста и искреноста наспроти медиумското дивеење и жед за спектакл не можат да надвладеат. Секој граѓанин од Република Албанија кому сум му служел, јасно знае дека ова е стапица, намерна со цел да и наштети на мој лична професионална и фамилијарна фигура. Нема да дозволам цели овие 23 години инвестиција во мојот професионален и фамилијарен кредибилитет да биде нарушена на ваква намерна стапица, бомбастички со лажни наслови кои не се ништо реални, како може да се види во снимката – додаде тој.

GOLD
To Top